Loading...
За нас 2018-03-07T11:02:56+00:00

Префинета линија…
Дизајнирана и произведена во Италија.

Mio caffè изгради препознатлив концепт на уживање во кафето: секогаш најдобар квалитет, богата лепеза на производи, препознатлива арома, врвен мирис и вкус, иновативност и достапност во секој момент.

Историја

Стар Фоод Дооел е основана во 2007 год. во Струмица, Македонија.
Како Млада фирма со големи амбиции, го воочува недостатокот од квалитетно и единствено еспресо кафе на Македонскиот пазар. По направените испитувања и анализи во 2010г. Стар Фоод го прави првиот увоз на кафе од Брендот Ла Мессицана со што станува генерален застапник за Македонија и Балканот. Благодарение на квалитетот и широкиот асортиман на производи од брендот Ла Мессицана успешно се задоволуваат потребите на првите клиенти. Но сите знаеме дека за добро еспресо е потребен и добар еспресо кафемат. Имајки го квалитетот како единствен показател Стар Фоод станува застапник за Кафематите од програмата на Нова Симонели, Светски признат и реномиран бренд.
Сега понудата е комплетна, а како што расте бројот на задоволни клиенти се развива и усовршува новата дистрибутивна мрежа. Стар Фоод формира сопствен сервис и центар за подршка на клиентите. Но не застанавме овде, Набргу Стар Фоод станува Генерален застапник на Брендот Моретто, светски признат поизводител на топли и ладни напитоци од чија што палета посебно се издвојуваат преку 70-тината врсти на топло и ладно чоколадо. Како резултат на сето оваа повеке од 200 кафе барови и угостителски објекти ширум земјава ја задржуваат лојалноста на своите клиенти.
Горди сме на досегашните достигнувања и мотиврани за предизвиците кој следат, со желба за постојан развој, учење и исполнување, полека чекориме кон успехот.
Работиме на подобрување на квалитето на услугите како и на зголемување на палетата од производи кои ги нудиме.

Квалитетот е наша основна цел

Предводени од големото искуство стекнато со посветеност и напорна работа Стар Фоод олучи да инвестира во капитал и ресурси, односно во линја за обработка и пакување на традиционално Македонско кафе и линија за пакување на топло чоколадо и топли напитоци. За таа цел започна со изградба на нова Фабрика. Планирана е како модерна градба каде ќе се испреплетуваат најмодерната технологија и стилот, создавајки пријатна и удобна средина како за вработените така и за клиентите. Ќе биде поделена на административен и презентациски дел, погон за производство и магацински простор. Во склоп на истата ке функционира и модерен продажен пункт достапен за сите клиенти како и современ центар за обуки и усовршување во кој ке се вршат бесплатни обуки.
Насочени сме кон иднината, кон нови предизвици и идеи кои се можност за понатамошен раст и развој.

Не разликуваат по:

  • Сите наши клиенти добиваат нови кафемати
  • Сопствена дистрибутивна мрежа
  • Сопствен Сервис 24/7
  • Центар за подршка на корисници
  • Програма за бесплатни обуки

Тајната на совршениот филџан Mio caffè лежи во вниманието, стручноста и посветеноста со која се однесуваме кон секое зрно, во препознатливиот мирис и вкус и со довербата на потрошувачите.